Горпишин извиси за Фленсбург

Сергеј Горпишин нема да ја продолжи кариерата во дресот на Фленсбург откако поранешниот пивот на Вардар не го импресионираше доволно стручниот штаб на овој клуб за да му биде понуден договор. Горпишин мина петнаесетина дена на проба во Фленсбург откако овој клуб почна потрага по пикер по повредите на Јоханес Гола и на Јакоб Хајнл, но тренерот Мајк Мачула на крајот сепак реши да не го задржи Русинот во своите редови.

„Сергеј е прекрасно момче кое експресно се вклопи во нашиот тим. Даваше по 100% од себе на секој тренинг, но за жал нема да го задржиме во тимот. Немаме доволно време за да развиваме играч во нашиот систем на играч, потребен ни е некој што ќе биде „готов производ“ и веднаш би ни бил на располагање“, изјави стратегот на Фленсбург.

Горпишин мина една сезона во Вардар, но воопшто не се наметна во таборот на „црвено-црните“, поради што летово го напушти македонскиот првак.

Се вчитува...