Манчестер Јунајтед е подготвен да почне преговори со Реал Мадрид за ангажман на Герет Бејл, во обид да стави крај на мизеријата на велшкиот ас во таборот на „кралевите“. Јасно е дека Зинедин Зидан нема да смета на Бејл ниту во наредната сезона, а крилниот офанзивец со непрофесионалниот однос во текот на минатиот шампионат често ги фрустрираше челниците и навивачите на Реал Мадрид.
Проблемот е во тоа што Бејл зема плата од над 30 милиони евра годишно, што ниту еден од заинтересираните клубови не сака да ја покрие. Оле Гунар Солскјер е разочаран од недостигот на квалитетни засилувања во текот на летниот преоден рок, а во ситуација кога Санчо е „невозможна мисија“ сега погледите се насочуваат кон Бејл.
Велшанецот би бил достапен како слободен играч, со оглед на желбата на Реал да се откачи од „дебелиот договор“ на суперѕвездата, но прашање е дали „ѓаволите“ се подготвени да му ја покријат платата што тој ја зема во Мадрид. Втора опција е позајмица на една година, со тоа што Реал би покрил половина од платата што тој би ја земал во Јунајтед.
Интерес за овој фудбалер покажува и раководството на Тотенхем, Мурињо сака повторно да соработува со поранешниот „пулен“ од Реал Мадрид, но лондонскиот клуб нема финансиска моќ за да го комплетира овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

