Џошуа негира дека имал сексуална врска со екс-сопругата на Махрез

Светскиот боксерски првак во тешка категорија, Ентони Џошуа, ја демантира сексуалната афера со Рита, поранешната сопруга на Ријад Махрез, за која вели дека му ја „подготвиле“ британските медиуми. Џошуа преку медиумскиот тим информира дека воопшто и не ја познава екс-сопругата на фудбалерот на Манчестер Сити. Тие се разделени од 2016 година, а имаат две деца.

Британските медиуми открија дека Џошуа (30) и 26-годишната Рита Махрез се запознале во ексклузивен ноќен бар во Лондон по што продолжиле да се гледаат и нивната релација прераснала во сериозна врска која тие се обидуваат да ја сокријат од јавноста. Сепак, Џошуа тоа јавно го демантираше.

„Ентони Џошуа не ја познава лично г-ѓа Махрез и нема желба тоа да го стори, ниту сега ниту во иднина. Тој е разочаран дека таа или луѓето околу неа се обидуваат да го искористат неговото име за да си направат публицитет и да искреираат афера“, се вели во соопштението на медискиот тим на Џошуа.

Британскиот боксер е сингл откако во 2016 година се раздели со танчерката Никол Осборн со која има и син.

 

Се вчитува...