Фудбалската репрезентација на Италија ја совлада Холандија на гостински терен во Амстердам со 0-1 и со четири бода се искачи на првата позиција во групата 1 од Лига А по второто коло во новото издание на Лигата на нации. Николо Барела беше стрелец за „аѕурите“ во последните моменти од првото полувреме по асистенцијата на Чиро Имобиле. Селекцијата на Босна и Херцеговина во Сараево загуби од Полска со 1-2. Поведе домаќинот со голот од пенал на Харис Хајрадиновиќ, но Камил Глик и Камил Гросицки се погрижија за целосен пресврт.
Во Лига Б, селекцијата на Шкотска ја искористи пандемијата на коронавирусот кај Чесите кои играа со сосема поинаква селекција и со головите на Линдон Дајкс и на Рајан Кристи од пенал дојде до триумф од 1-2. Поведе Чешка со голот на Јакуб Пешек, но немаше сили да ја задржи предноста.
Норвешка беше убедлива на гости против Северна Ирска и победи со 1-5. Ерлинг Халанд и Александер Сорлот постигнаа по два гола, а во листата се запиша и Мохамед Елјонуси. Романија исто така славеше на гости против Австрија со 2-3. Алибек, Григоре и Максим донесоа триумф за романскиот национален тим. Израел и Словачка ремизираа 1-1.
Во Лига Ц, Албанија на домашен терен загуби од Литванија со 0-1. Стрелец на победничкиот погодок за Литванците беше Донатас Казлаускас во 51.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА