Италијанскиот калчолигаш Милан е посилен за репрезентативецот Сандро Тонали кој доаѓа од редовите на Бреша. Раководството на „росонерите“ конечно успеа да го комплетира ангажманот на еден од најталентираните играчи за врска во Италија.
Тонали доаѓа како позајмен играч од Бреша, а Милан има опција за комплетно откупување на договорот. Клубот од „Сан Сиро“ на Бреша ќе и плати 10 милиони евра за позајмицата, а потоа ќе треба да доплати уште 15 милиони евра за целосно да го откупи Тонали. Во договорот се вклучени и дополнителни бонуси за Бреша во вредност од 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА