Серхио Перез си оди од Рејсинг Поинт: Се прави ли место за Себастијан Фетел

Серхио Перез ќе го напушти тимот на Рејсинг Поинт на крајот од оваа сезона. Шокантната информација дојде од мексиканскиот возач вечерва, а веднаш ја потврди и тимот. Перез е во Рејсинг Поинт седум години. Пилотот вели дека нема план Б околу тоа каде би можел да вози следната сезона.

„Се во животот има почеток и крај. Ме боли што бев лојален на тимот во најтешките моменти“ – напиша Перез мислејќи на времето кога тимот отиде во стечај, а потоа беше откупен од конзорциумот предводен од Лоренс Строл.

Со ова уште повеќе се подгреваат шпекулациите дека Рејсинг Поинт сака да го купи Себастијан Фетел. Четирикратниот Формула 1 шампион го напушта Ферари на крајот од сезоната 2020. Со оглед дека вториот возач  на тимот, Ленс Строл е синот на сопственикот, за очекување е дека место за доаѓањето на Фетел треба да направи Перез.

 

 

Се вчитува...