Занети: Лаутаро Мартинез нема да го напушти Интер, тој е иднината на клубот

Аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез ќе игра во дресот на Интер најмалку уште една сезона, а Хавиер Занети, потпретседателот на клубот, се надева дека напаѓачот ќе остане на „Џузепе Меаца“ и многу подолго.

„Лаутаро нема да си замине од Интер. Тој е нашата сегашност и иднина“, изјави Занети за „Фокс Спорт“.

Италијанските и шпанските медиуми долго најавуваа дека Барселона ќе го купи Лаутаро Мартинез и дека е подготвена да ја плати отштетата од 110 милиони евра. Клаузулата истече на крајот од сезоната, а тој има договор со Интер до јуни 2023 година.

Лаутаро Мартинез минатата сезона постигна 21 гол на 49 натпревари за Интер.

Се вчитува...