Грците се откажаа, Македонија – домаќин на квалификациската група

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за СП 2021 на кој покрај нашите ракометарки ќе учествуваат уште и Исланд, Литванија и Грција. Со ждрепка беше одредено Грција да ја има улогата на организатор на овој турнир (што ќе стартува на 4 ноември), но откако јужниот сосед се откажа, раководството на РФМ прифати да биде домаќин на турнирот, со што значително се зголемуваат шансите за успех и пласман во баражот за СП.

Грчката ракометна федерација се откажа од организацијата, а според ждрепката ние бевме втора опција за домаќини на овој квалификациски турнир. Веќе потврдивме до ЕХФ дека ја прифаќаме организацијата и овој турнир ќе се одржи во Македонија“, изјави Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Пласман во баражот обезбедуваат двете најдобри селекции во групата, па во услови кога турнирот се игра во Скопје јасно е дека Македонија ќе биде многу блиску до влез во финалната квалификациска рунда.

Се вчитува...