Војна без граници – Се распаѓа АБА лигата

Голема дилема се отвора околу продолжување на постоењето на регионалната кошарарска АБА лига по денешниот состанок кој го имаше раководството на лигата со клубовите учесници во натпреварувањето, пренесува српски „Спортклуб“. Како што пренесува српскиот медиум регионалното натпреварување е во големи проблеми поради спорот меѓу Партизан од една страна и Црвена Звезда и ФМП од друга. Претседателот на црно-белите Остоја Мијаиловќ по состанокот изјави дека Партизан се сложува со пренесување на уделот на сопствеништво на ФМП, но само под еден услов.

„Кошаркарскиот клуб Партизан го прифати предлогот на директорот на АБА Милије Војиновиќ да се согласи на пренос на сопствеништвото на ФМП, но само под услов да единствен надлежен суд во новиот колективен договор да се додаде Арбитражниот суд во Лозана“, напиша Мијаиловиќ. 

Проблемот е во тоа што со ова не се согласија раководствата на Црвена Звезда и ФМП кои бараа да се внесе дел од сопствеништвото во судскиот регистар, а сите спорови да се решаваат во „Трговскиот суд“ во Загреб. Ситуацијата е многу проблематична, а почетокот на АБА и АБА 2 лигата е неизвесен. Во еден момент се појавила и идеја, како што пренесува „Спорт клуб“ да се изгаси здружението и да се формира ново.

Се вчитува...