Андреа Ањели во неколку ситуации повторуваше дека коронавирусот ќе остави силна трага врз функционирањето на клубовите, меѓу нив и Јувентус како финансиски најстабилен спортски колектив од елитното друштво.
Денеска беа обелоденети и првите детали од ударот на кризата врз буџетот на Јувентус, откако во финансискиот извештај за минатата сезона е наведено дека „старата дама“ ја завршила сезоната со минус од 71,4 милиони евра. За одбележување е дека Јуве беше во минус и во претходната сезона, но тогаш со негатива од 31,5 милиони евра, а значителниот раст во негативното финансиско работење се должи на намалените приходи во висина од 63,8 милиони евра.
Севкупниот нето долг на Јувентус заклучно со 30 јуни 2020 година изнесува 382.500.000 евра. Сепак, Ањели и неговите соработници и во услови на криза успеале да го намалат долгот, кој лани изнесуваше 463 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

