Прва победа за Морбидели во Мото ГП шампионатот

Италијанецот Франко Морбидели стигна до првата победа во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот откако триумфираше на трката за големата награда на Сан Марино на патеката Мизано. Второто место му припадна на Франциско Бањаја, додеак како третопласиран заврши Жоан Мир. Легендарниот Валентино Роси во финишот остана без подиум и заврши само како четврти.

Андреа Довициозо е нов лидер во генералниот пласман, откак Фабио Квартараро на почетокот на трката направи грешка поради која на крајот не заврши во бодови.

 

Се вчитува...