Мик Шумахер во Муџело го возеше болидот на својот татко

Почна големата награда на Тоскана на која Ферари ја вози јубилејната 1000 трка во Ф1 шампионатот. Еден час пред трката на патеката во Муџело се случи навистина емотивна сцена. Мик Шумахер го возеше болидот на својот татко, Михаил.

„Отсекогаш ми беше сон да го возам овој болид. Да се вози овој болид во Муџело е неверојатна чест. Им благодарам на Ферари за оваа шанса“, изјави Мик. 

 

Се вчитува...