Марио Манџукиќ пред „камбек“ во Серија А

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ е пред враќање во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми. Рома е главен фаворит за потпис на Марио Манџукиќ кој треба да стигне на „Олимпико“ како замена за Един Џеко. Репрезентативецот е пред заминување од Рома, а како негова следна дестинација се споменува Јувентус.

Манџукиќ во Рим би стигнал без обештетување бидејќи во моментов е слободен фудбалер откако го раскина договорот со Ал-Духаил. Покрај Рома за услугите на Хрватот се заинтересирани и московската Локомотива, како и турскиот Фенербахче.

Mанџукиќ четири години беше член на Јувентус, тим во кој запиша 117 настапи на кои постигна 30 гола, а со „старата дама“ играше финале во Лигата на шампионите во 2017 година.

Се вчитува...