ФИА нема да го казни Хамилтон поради истакнување политички пораки

Светската автомобилска организација ФИА нема да го казни Луис Хамилтон поради истканување на политички пораки на трката за Големата награда на Тоскана која се возеше на Муџело.  Шампионот носеше маичка на која пишуваше „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бренона Тејлор“ мислејќи на 26-годишната медицинска техничарка која беше застрелана откако нејзиното момче почнало да пука на полицијата при претрес поврзан со дрога во нивната куќа. Сепак, од ФИА донесоа одлука дека нема никаква потреба да се казни актуелниот светски шампион поради искажување на свој став.

 

Се вчитува...