Младиот македонски фудбалски репрезентативец Јани Атаносов со Хајдук ќе и гостува на Ренова во второто коло од Лигата на Европа. Тој по доаѓањето во Хајдук веднаш дебитираше, а сега ќе добие и шанса во Лигата на Европа. Атанасов веднаш по неговото доаѓање во Хајдук е на мета на хрватските медиуми и во друштво на прекрасната новинарка која дојде во Скопје да известува од натпреварот.
„Мило ми е што играм во Македонија. Се надевам дека ќе биде убав натпревар. Наша цел е да победиме. Се надевам дека ќе биде добар натпревар и со победа ќе се вратиме во Сплит“, изјави Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА