„Гипсарите“ се размрдаа на тренинг центарот на ФФМ: Хајдук е голем предизвик (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Ренова го одработија официјалниот тренинг на теренот на комплексот „Куќа на фудбалот“ каде утре од 15:30 часот ги очекува натпреварот од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа со сплитски Хајдук.

Свесни се во таборот на „гипсарите“ дека Хрватите ја носат фаворитската улога, но фаворити беа и Ерменците во првото квалификациско коло, па избраниците на Бујар Ислами славеа на гостувањето во Ереван. Сега, на свој терен во Скопје, силна е желбата за пласман и во следната рунда европски натпревари…

 

 

Се вчитува...