Дејан Манасков уште еднаш покажа дека поседува извонредна ракометна фантазија постигнувајќи фантастичен погодок на дуелот со Нант во првото коло од Лигата на Шампионите. Македонското крило се вклучи како втор пивот на линијата, а потоа со извонреден удар од зад грбот го матираше голманот Димулан.
Веспрем како гостин го совлада Нант со 24-28 (полувреме 10-11), меч на кој и Лазаров и Манасков со по пет гола беа меѓу најдобрите поединци во своите екипи.
Погледнете ја мајсторијата на македонскиот репрезентативец на почетокот од новата сезсона во елитното европско натпреварување.
WATCH: Behind-the-back brilliance doesn’t get any sweeter than this effort from Dejan Manaskov for @telekomveszprem! ? #ehfcl pic.twitter.com/leFlvMRx4k
— EHF Champions League (@ehfcl) September 16, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА