ПСЖ се мачеше и на крајот со деветмина го победи Мец

Францускиот првак Пари Сен Жермен имаше екстремно тежок натпревар против Мец на „Паркот на принцовите“, се мачеше цели 90 минути, остана со деветмина во поле, а потоа Џулијан Дракслер во третата минута од судиското продолжение постигна гол за голем триумф од 1-0. „Светците“ имаа два порази во првите два меча, се закануваше потоп за Томас Тухел и за фудбалерите, но на крајот успеаја да се извлечат. Ги освоија првите три бода во шампионатот.

Во првото полувреме не реализираа убави шанси Дракслер и Икарди, гостинскиот голман Окиџа бранеше одлично, а ПСЖ од 65.минута остана со играч помалку по црвениот картон за Дијало. Во финишот, се повреди и Хуан Бернат, а Тухел веќе ги имаше искористено замените. И кога никој веќе не веруваше дека ПСЖ може до победа, се појави Германецот Џулијан Дракслер и постигна победнички гол.

Се вчитува...