Токио нема да чека вакцина, ќе ги одржи ЛОИ по секоја цена

Јапонија е цврсто решена да го спроведе одржувањето на Летните олимписки игри во Токио следната година без разлика на тоа каква ќе биде ситуацијата со короанвирусот. Иако постои голема скепса околу одржувањето на Игрите на кои треба да се соберат спортисти од целиот свет во услови на пандемија.

„Спортистите се подготвуваат за настанот закажан за следната година. Сметам дека по секоја цена треба да ги одржиме Игрите“ – изјави јапонската министерка за спорт, Сеико Хашимото.

Летните олимписки игри се еден од најголемите предизвици за светскиот спорт во услови на големи ограничувања кои ги наметнува пандемијата на коронавирусот. Затоа беше донесена одлука да бидат одложени за 12 месеци. Поместувањето од една година направи голема финасиска дупка кај организаторот, а комплетното откажување би било целосен крах за Организацискиот комитет, но и за Токио и за Јапонија кои многу инвестираа во игрите.

 

 

Се вчитува...