Ислами: Горд сум на момците, Ренова покажа дека може да се надигрува со секого

Ренова минимално загуби 0-1 од Хајдук во второто коло од квалификациите за годинашното издание на Лигата на Европа. Тренерот на „гипсарите“ Бујар Ислами вели дека е задоволен од играта на неговите избраници и дека заслужиле барем продолженија.

„Задоволен сум од моите фудбалери. Рано примивме гол и тоа влијаеше психички на нас. Кога се соземавме видовте дека можеме да се надигруваме со одличен противник како Хајдук. Второто полувреме беше одлично имавме неколку 100% шанси кои не ги искористивме. Заслуживме барем реми, па во продолженија да се обидевме да стигнеме и до триумфот“, изјави Ислами. 

Во следното, трето квалификациско коло од Лига Европа, Хајдук ќе игра со подобриот од пресметката меѓу азербејџански Нефчи и Галатасарај.

Се вчитува...