Жозе Мурињо не слушнал за Шкендија, Герет Бејл не знае како ќе биде на гостувањето во Македонија, а фановите на Тотенхем веруваат дека натпреварот од 3. квалификациско коло во Лига Европа на 24. септември ќе се игра во Тетово на стадионот за кој велат дека е „полош од Чернобил“.
Бројни коментари со потсмев за Шкендија, Тетово и македонскиот фудбал може да се забележат по социјалните мрежи од Англичаните во пресрет на натпреварот меѓу тетовскиот тим и Тотенхем.
„Тој стадион е како да играме во Чернобил…, околу него е ѓубре како на ниту едно друго место“, „Знаете ли која е Шкендија? Па, потешко е да го изговориш името на тој клуб отколку да играш со нив…“, „Тотенхем ќе патува 50 години наназад во времето за да игра во Лига Европа’“ – се дел од коментарите на англиските фудбалски фанови.
Tottenham will travel back in time 50 years to face Shkendija of Macedonia in the next round of the Europa League. pic.twitter.com/6Ic7rWpEbH
— Eddie Longbridge (@EddieLongbridge) September 17, 2020
Во секој случај неинформирани, не знаејќи дека натпреварот меѓу Шкендија и Тотенхем на 24. септември ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде пред три години Жозе Мурињо веќе гостуваше со Манчестер јунајтед на мечот против Реал Мадрид во УЕФА Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА