Кристијано Роналдо често е обвинуван за нарцис и егоистичен за што и постојат бројни „докази“. Португалецот не крие дека се обожува самиот себе. Често се фали дека е најзгоден спортист во светот и често сака да го покаже своето тело. Новата фотографија ги потврдува сите разговори за португалскиот ас. Имено неговиот син Роналдо Џуниор сподели фотографија на која Роналдо сениор позира со слика од себе. Веднаш доби различни коментари на социјалните мрежи. Едни го напаѓаа дека е самобендисан, додека други застанаа во негова одбрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА