Новата сезона во италијанското првенство ќе почне со присуство на публика на неколку натпревари, откако беше оставено на челниците на одделните региони самите да решат дали спортските настани ќе бидат со навивачи на трибините. Први нога повлекоа од регионот Емилија-Ромања, давајќи зелено светло за присуство на навивачи на натпреварите Парма – Наполи и Сасуоло – Калјари.
Елиф Елмас со Наполи во првото коло од новата сезона ќе гостува на Парма, а според одлуката на претседателот на Емилија-
Ромања, Стефано Боначини, на трибините на оваа средба ќе можат да се најдат 1.000 фудбалски фанови. Иста е бројката што ќе биде лимит за дуелот меѓу Сасуоло и Калјари, а за очекување е овој тренд да го следат и останатите региони ширум Италија.
Исто така, беше донесена одлука на трката од Формула 1 во Имола, закажана за 1 ноември, да биде дозволено пристуство на 13.147 фанови крај патеката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА