Ракометар и член на екипата на РК Охрид се позитивни на COVID-19 информираат од клубот. Ковид позитивните се изолирани и се во добра здравствена состојба. Следниве денови тестирани ќе бидат останатите ракометари, стручниот штаб и останатите членови на екипата.
Охрид е четвртиот клуб од првата ракометна конкуренција кај кој има позитивни случаи на коронавирусот. Претходно заболени пријавија Голден Арт КЛ7, Радовиш и Струга. Ракометната федерација уште при првите случаи на COVID-19 донесе одлука да го стави во мирување натпреварувањето во групата А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

