Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ изјави дека во текот на шесте години во кои беше дел од Барселона никогаш не станал близок со Лионел Меси и Луис Суарез, но дека и двајцата многу ги почитува.
„Никогаш не бев близок пријател со Лионел Меси и Луис Суарез, но двајцата многу ги почитувам. Најмногу се држев со Иниеста и Тер Штеген“, изјави Ракитиќ.
Ракитиќ во 2014 година стигна на „Камп ноу“, а со каталонскиот клуб во 2015 година триумфираше во Лигата на шампионите. Во летниот трансфер период тој се врати во Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

