Младост се жали: Судиите имаа 14 грешки на мечот со Прилеп (видео)

Младост Богданци загуби со 41-32 на вчерашното гостување против Прилеп, но новиот суперлигаш денеска упати јавна поплака за арбитражата на судиите на натпреварот, битолската судиска двојка Митревски – Тодоровски.

„Четиринаесет спорни судиски одлуки а можеби и повеке кои се случуваа на вчерашното на гостувањето во Прилеп на нашата сениорска екипа (несанционирани исклучувања, пенали, чекори, фаути и голем број други намерни или ненамерни грешки погледнете сами) беа еден од најголемите противници на патот до победата и тоа сите се при водство на нашата екипа или при обид на резултатски приклучок на Младост 1977 во вториот дел. Судии беа лица кои имаат мегународно искуство, кои ни во еден момент не им доликуваше да го однесат едно прекрасно дерби во ваков расплет и крај“, се вели во реакцијата на Младост.

Погледнете ги ситуациите на кои се жалат во таборот од Богданци и самите проценете дали судиите беа на висина на задачата на овој натпревар.

Се вчитува...