Левандовски, Де Брујне и Ноер во трка за признанието УЕФА играч на годината

Роберт Левандовски, Кевин Де Брујне и Мануел Ноер се тројцата кандидати на најтесната листа во изборот за фудбалер на годината што го прави УЕФА. Тренерите на 80 тимови кои беа дел од групната фаза во Лигата на шампионите и во Европа лигата во сезоната 2020/21 заедно со уште 55 новинари од цела Европа гласаа и донесоа одлука меѓу овие тројца играчи да се бира лауреатот кој ќе биде  објавен в четврток на 1.октомври кога ќе бидат извлечени групите за новата сезона во елитното натпреварување.

Од оваа година УЕФА ќе ги наградува и тренерите кои имале најголемо влијание во претходната сезона, а за првото вакво признание ќе се борат менаџерот на Ливерпул Јирген клоп, тренерот на Баерн Минхен Ханси Флик и предводникот на Лајпциг Џулијан Наглесман. Во женска конкуренција во трка за наградата се Луси Бронз, Перниле Хардер и Венди Ренард.

 

Се вчитува...