Дефанзивецот Висар Муслиу доби казна од два натпревари за црвениот картон што го заработи на мечот против Грузија во Лигата на нации. Но, сепак, оваа суспензија нема да важи за плејоф дуелот против Косово што е закажан за 8.октомври и е шансата на Македонија за пласман на Европското првенство 2021 година.
Муслиу заработи црвен картон по еден час игра на мечот против Грузија во Тбилиси, но „црвено-жолтите“ успеаја да издржат и остварат реми на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА