Босанскиот интернационалец Един Џеко е прва опција за наследник на Луис Суарез во навалната линија на Барселона, тврди „Марка“. Уругваецот ги договори сите детали за преминот во Атлетико Мадрид, по што јасно е дека недостига вистинско голгетерско решение на „Камп Ноу“.
Новиот тренер Роналд Куман се надева дека би можел да го добие Един Џеко кој беше на чекор и до Јувентус, но сепак, во Торино замина Алваро Мората. Претходно, во Барселона пристигна уште еден босански интернационалец, Миралем Пјаниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА