Ставрев ќе суди во Молдавија

Нашиот интернационален судија Александар Ставрев, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден да го суди мечот од третото квалификациско коло за пласман во Лига на Европа во Молдавија меѓу Шериф Тираспол и претставникот на Република Ирска, Дандалк. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Дејан Неделковски, четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски. Средбата се игра во градот Тираспол на 24 септември.

Ставрев е во група на квалитетни судии на ФИФА кои почнуваат да судат од третото квалификациско коло за европските купови.

М.М.

Се вчитува...