Агенцијата за млади и спорт ќе им помага на клубовите кои треба често да прават COVID-тестови за да бидат дел од националните и од меѓународните првенства. Со оглед дека клубовите се соочија со потешкотии кои произлегуваат од финасискиот товар што го носи честото тестирање, Агенцијата ќе ги помогне Националните федерации од олимписките спортови.
„Агенцијата за млади и спорт на иницијатива на заменик директорот Измит Нура организираше итен состанок на Советот за спорт, во насока на обезбедување на дополнителни материјални средства на Националните спортски федерации од олимписките спортови како помош во услови на криза.
Средствата ќе бидат наменети кон покривање на материјални трошоци кои произлегуваат од потребата за постојано тестирање на спортистите, пред натпревар во домашните првенства, како и пред патувањата и настапи надвор од државата.
Агенцијата за млади и спорт го исполнува ова ветување кое беше дадено се со цел да можат федерациите непречено да функционираат и полесно да го организираат нивниот национален систем на натпревари како и да учествуваат на меѓународни натпревари“ – стои во соопштението од АСМ.
Во ракометниот шампионат кој е во тек веќе е суспендирана една група поради заболени со коронавирусот, а денеска се појави случаи и кај Работнички кој е во другата конкуренција по што се компликува целото првенство. И фудбалското првенство е во тек, најавен е стартот и кај кошаркарите и кај одбојкарите. Повеќе наши екипи имаат настапи во меѓународните купови во неколку спорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА