Вдовица на легендарниот Коби Брајант, Ванеса, негира дека ја избркала својата мајка од куќата во која живеела оставајќи ја без целосна финансиска поддршка.
Софија Лејн, неодамна во интервју за американските медиуми истакна дека била избркана од ќерката која целосно го променила однесувањето по смртта на Коби.
„Едноставно ми рече не те сакам во оваа куќа и ме принуди да заминам и да го предадам автомобилот кој го користев“ – истакна Софија.
Сега, на сите тие тврдења, со реакција се огласи и Ванеса Брајант…
„Откако ненадејно ги зaгубив сопругот и ќерката, мајка ми се осмелува да зборува лошо за мене пролевајќи солзи за куќата и автомобилот кои секако не се нејзини. Сака да глуми жртва а воопшто не е така. Коби и јас ја поддржувавме финансиски во изминатите 20 години, и јас продолжувам да го правам тоа, со месечна алиментација што ја добива од мене. Но, овие јавни обвинувања се навистина болни. Сето тоа е само да го зацрни нашето семејство, и искрено се надевам дека ќе престане да зборува за нашите односи во јавност“ – вели Ванеса Брајант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА