Луис Хамилтон побара да се зголеми бројот на лица со црномуреста боја на кожата ангажирани во Формула 1 објавувајќи ги имињата на членовите на групата формирана за да направи анализа на причините за отуството на диверзитет. Формула 1 шампионот им порача на членовите на таканаречената „Комисија на Хамилтон“ дека „заедно ќе ги направат промените“. Во групата има 14 члена меѓу кои и истакнати научници, поранешни министри како и екс-шефот на Ф1, Мартин Витмарш.
Според идејата на Хамилтон, комисијата треба да ги идентификува клучните параметри според кои црномурестите луѓе се спречени да имаат прогрес во кариерите во Ф1, но и да даде препораки како тоа да се смени.
„Што е позагрижувачки од фактот дека во овој спорт во целина има многу малку луѓе со друга боја на кожата освен бела. Промените не доаѓаат доволно брзо и треба да знаеме зошто е тоа така. Ако сме посветени, заедно ќе ги направиме промените“ – вели Хамилтон.
Луис Хамилтон е едниствениот возач со црна боја на кожата во Формула 1, вториот кој се издвојува е Александер Албон кој е британец роден на Тајланд. Хамилтон за ангажираноста на полето на расната еднаквост беше вброен во листата на магазинот „Тајм“ за 100 највлијателни личности во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА