Баерн Минхен го освои трофејот и во УЕФА Суперкупот

Баерн Минхен е освојувач на трофејот во УЕФА Суперкупот откако славеше со 2-1 дури по продолженијата на дуелот против Севилја.

Во пресметката меѓу годинашните победници во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, на крајот поуспешни беа Германците кои до триумфот дојдоа со погодокот на Хави Мартинез во 104. минута…

Претходно, во регуларниот дел од натпреварот, Окампос од пенал уште во 13. минута ја донесе Севилја до предност, но израмни Горецка во 34. минута.

Се вчитува...