Челси е клубот кој беше најактивен овој преоден рок во светот. Френк Лампард на „Стемфорд Бриџ“ ги доведе Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Каи Хаверц, Тијаго Силва, Бен Чилвел, а вчера пристигна и францускиот голман Едуард Менди.
Сепак „сините“ од Лондон не планираат тука да завршат. Лампард сака да го комплетира тимот со фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Деклан Рајс. Тоа би требало да биде последното засилување за лондонскиот тим во овој преоден рок кој би требал да помогне во зацврстување на средниот ред како би можел клубот да биде конкурентен во борбата за титулата.
Од друга страна се поблиску до излезната врата од Челси е најскапиот голман во историјата на фудбалот Кепа Аризабалага кој од натпревар во натпревар е се полош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

