„Почивај во мир јунаку“ – ФК Партизан се прости со пилотот кој загина во авионската несреќа во Србија

Фудбалскиот клуб Партизан се прости со пилотот кој трагично настрада утрово во близина на селото Брасина во Србија. Војниот авион Миг 21 се урна утрово во девет часот во текот на извршување на редовна летачка задача, соопшто српското министерство за одбрана. Двајцата пилоти загинаа, а повреден е и еден жител на селото.

„Војниот авион кој се урна утрово во реонот на селото Брасина кај Лозница управуваше пилотот Звонко Василјевиќ. Почивај во мир јунаку“, гласеше прошталната порака од ФК Партизан.

Судејќи по фотографиите Василјевиќ бил голем фан на белградските „црно-бели“.

 

Се вчитува...