По обврските во Купот на Македонија, македонските прволигаши се враќаат на предизвиците во националниот шампионат. Денеска, во седмото коло од Првата фудбалска лига, Работнички гостува во Велес и ќе ги одмери силите со Борец. Велешани доживеаја елиминација од Купот, но затоа имаат одличен ритам во првенството. Споија две победи, против Академија Пандев дома и против Силекс на гости и во моментот се наоѓаат на третата позиција на табелата со 11 бода.
Работнички нема пораз на последните пет меча во првенството и сака таа серија да продолжи и денеска во Велес. Избраниците на Ратко Достаниќ се максимално мотивирани да остварат позитивен резултат. Но, и тимот Горазд Михајлов ќе се сака да одговори позитивно по елиминацијата од најмасовното фудбалско натпреварување.
Натпреварот меѓу Борец и Работнички е закажан за 15 часот и ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица. Останатите натпревари од седмото коло се на програмата утре.
ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО
БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ (15 ч., ДЕНЕСКА)
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (УТРЕ)
ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА