Коронавирус во тимот на Пандев пред утрешниот меч со Наполи

Сериозни проблеми во тимот на Џенова пред утрешното гостување против Наполи во Серија А.

Голманот на Џенова, Марија Перин е позитивен на Ковид-19, па е во самоизолација без посериозни симптоми, но ќе мора да биде заменет за утрешниот натпревар со ветеранот Федерико Маркети.

Како што информираат од Џенова, нема друг позитивен пред утрешниот дуел. Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев се очекува да стартува од првата минута против поранешниот свој клуб за кој во комбинација за настап е и Елиф Елмас.

Се вчитува...