ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш и Брегалница ремизираа во тензична дерби пресметка (ФОТО)

Во тензичен натпревар, вистинска дерби пресметка во Неготино, фудбалерите на Брегалница ремизираа (1-1) против Тиквеш во 5. коло од Втората лига – Исток.

По мирното прво полувреме, во кое главно се играше на средината од теренот со издвоени шанси и на двете страни, вистинските возбудувања се случија во второто полувреме кое мина и со очекувана тензија на теренот ако се знае ривалитетот меѓу двете екипи.

Тиквеш поведе во 64. минута со голот на Александар Мишов, кој по корнерот од левата страна, беше највисок во скокот со глава и од неколку метри погоди во мрежата на Петровски. Во тие моменти на нервоза, црвен картон доби нововлезениот Антонио Митрев поради реакција кон главниот судија.

Но, и со играч помалку Брегалница беше потоа подобра на теренот, па со голот од пенал на Мартин Стојанов во 79. минута успеа да дојде до израмнување и бод од жешкото гостување.

Слога Виница ремизираше (1-1) на гостувањето против Осогово во Кочани. Иванов во 38. минута донесе предност за Слога, а Осогово израмни со голот на Илија Далчески во 78. минута.

Кит Го, пак, по триумфот во Купот на Македонија продолжува со одличните игри, па славеше со 1-3 на гостувањето против Каменица Саса. Стрелци на головите за пехчевци беа Дарко Алексовски во првото полувреме, како и Зоран Андонов и Владимир Дујовски во вториот дел.

Интересно, Кожуф славеше против Победа со 2-1, со два автогола на Дебрешлиоски и Колевски.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (5. КОЛО)
Тиквеш – Брегалница 1-1
Саса Каменица – Кит Го 2-3
Кожуф – Победа 2-1
Осогово – Слога Виница 1-1
Плачковица – Росоман 3-0

Се вчитува...