Најдобриот ерменски фудбалер Хенрих Мкхитарјан ја повика меѓународната заедница да помогне да се запрат воените акции во Ерменија, која е во судири со Азербејџан поради територијалните проблеми во Нагорно-Карабах.
Изминатава ноќ ескалираа проблемите во покраината Нагорно-Карабах и прераснаа во воен судир меѓу Ерменија и Азербејџан, поради што Ерменците прогласија воена состојба во земјата. Војната меѓу двете земји трае од 1992 година откако локалната заедница во Нагорно-Карабах, сочинета од Ерменци, побара да се оддели од Азербејџан и да се спои со Ерменија.
Напаѓачот на Рома ја повика меѓународната заедница итно да се активира за запирање на воените активности во тој регион.
„Се разбудив утрово дознавајќи за голем напад на азербејџанската војска на Нагорно-Карабах (фактички независна држава населена со Ерменци) целејќи на цивилното население во Степанакерт и околните подрачја. Имаме право да живееме во своја татковина без егзистенционални закани. Нашите деца имаа право да живеат во мир, а на сокриени во засолништа. Секогаш со својата нација“ – напиша Мкхитарјан на својот Твитер профил.
We have an unalienable right to live in our homeland without an existential threat. Our children have the right to live in peace rather than hiding in shelters.
I always stand by my Nation?#ArstakhStrong pic.twitter.com/sxauwsoRcT
— Henrikh Mkhitaryan (@HenrikhMkh) September 27, 2020
Македонската сениорска репрезентација, пак, во ноември ја очекува гостување во Ереван во рамките на натпреварите од Ц лигата во Лигата на нации. Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија во Ереван треба да се игра на 18. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА