Фабио Квартараро е победник на трката за големата награда на Каталонија во Мото ГП шампионатот, која се возеше на патеката Каталуња.
Французинот со убедлива трка стигна до третата победа сезонава. Второто место му припадна на неговиот Жоан Мир на Сузуки, додека трет клупскиот колега на Мир, Алекс Ринс. Лош ден имаа Валентино Роси и Андреа Довициозо кои не успеаја да ја завршат трката, додека Маверик Вињалес заврши на деветата позиција.
Квартараро по осум трки е водечки во генералниот пласман, пред Жоан Мир и Маверик Вињалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА