Кире Лазаров и Нант стигнаа до очекувана победа на стартот од сезоната, триумфирајќи на домашен терен против Иври со резултат 30-24.
Гостите парираа само петнаесетина минути (7-7), за потоа Лазаров и соиграчите да почнат резултатски да се одлепуваат. На одмор се замина со резултат 16-13, за потоа Нант да продолжи да доминира и во вторите 30 минути, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање.
Македонскиот ас го заврши мечот со шест погодоци, пет од нив од пенал од исто толку обиди. Овничек беше најефикасен во таборот на Нант со седум погодоци, додека голманот Думулан имаше десет успешни интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА