Барселона славеше убедлива победа од 4-0 против Виљареал во првиот свој натпревар од новата сезона во Ла Лига.
Каталонскиот тим одигра одлично прво полувреме во кое беа постигнати сите четири погодоци. Младиот шпански репрезентативец Ансу Фати со два гола во 15. и во 19. минута најпрво донесе водство од 2-0.
Потоа, во 35. минута и Лионел Меси погоди од пенал за 3-0, а се беше заокружено со автоголот на Торес во 45. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА