На „Ноу Камп“ ќе има најмалку уште три откази

На шест дена до затворањето на преодниот рок, Барселона и натаму ќе прави промени во составот. Низ текот на оваа седмица би можело да има нови поместувања, а ова го потврди и тренерот Роналд Куман на прес конференцијата по натпреварот со Вилјареал. Куман вели дека во Барселона има интерес за нови имиња, но оти тој има разбирање за фиансиските проблеми и затоа најави дека би можело дури и да има нови откази.

Барселона има пад на приходите за 30 проценти во однос на овој период минатата година и затоа планот на клубот е и натаму да ги намалува трошоците за плати. Веќе се продадени, Артур, Ракитиќ, Видал, Семедо, но надежите на клубот се дека би можело да се скратат уште три имиња до крајот на трансфер периодот, а со тоа евентуално да се направи простор за купување на некои од фудбалерите кои ги пикираше Куман како потенцијални засилувања.

 

 

Се вчитува...