Дидие Дрогба е добитник на „Наградата на претседателот“ на УЕФА

Поранешната ѕвезда на Челси на репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска, Диде Дрогба е добитник на годинашното признание „Награда на претседателот“ што ја доделува УЕФА. Претседателот на УЕФА, го избира носителот на ова признание, а актуелниот прв човек на асоцијациата реши годинава тоа да биде Дрогба поради „неговата огромна посветеност во и надвор од теренот“.

Дидие е херој на милиони фудбалски фанови поради постигнувањата во неговата кариера. Тој е лидер и пионер. Ќе го паметам како играч поради неговата вештина, сила и интелигенција, но пред се поради неговиот апетит за успех. Токму тој апетит за успех е присутен и сега кога им помага на другите“ – вели Чеферин.

Дрогба им се приклучува на легендите кои го имаат добиено ова признание. Претходни лауреати се Боби Чарлтон, Еузебио, Рејмонд Копа, Јохан Кројф, Франческо Тоти, Дејвид Бекам и Ерик Кантона. Наградата ќе му биде доделена в четврток на извлекувањето на групите за Лигата на шампионите кога ќе бидат доделени и другите награди на УЕФА.

 

Се вчитува...