Натпреварот од третото коло во Лигата на Шампионите меѓу Пик Сегед и Вардар што требаше да се игра в четврток и официјално е одложен, објавија „црвено-црните“.
Ваквиот епилог е очекуван откако во таборот на Пик Сегед се појави нов, седми по ред случај на Covid-19, поради што сите членови на унгарскиот вицепрвак се ставени во самоизолација. „Вардарци“ свесни дека нема услови за одигрување на натпреварот ги откажаа ПЦР-тестовите што требаше да бидат извршени утрово, за попладнево да ја добијат и официјалната потврда од ЕХФ дека мечот нема да се игра в четврток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА