Црвена Звезда сепак нема да мора да патува во Ереван за плејоф натпреварот за влез во Лигата на Европа против Арарат, поради преголемиот ризик и влошената безбедносна состојба во Ерменија по влошените конфликти со Азербејџан.
УЕФА утрово донесе одлука мечот сепак да се игра во Ереван, оценувајќи го главниот град на Ерменија како безбедно место за спортски настан. Сепак, во последните неколку часа ситуацијата се влоши, беше урнат еден ерменски авион на сто километри од Ереван, по што веднаш беше променета и одлуката на европската куќа на фудбалот.
По најновиот развој на настаните, УЕФА реши мечот да се премести на неутрален терен, па Арарат и Црвена Звезда в четврток ќе ги одмерат силите на стадионот ГПС во Никозија, на Кипар, со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА