Тијаго Алкантара ќе ги мине следните десет дена во самоизолација откако вечерва беше обелоденето дека шпанскиот репрезентативец е позитивен на Covid-19. Најголемото летно засилување на Ливерпул го пропушти синоќешното дерби со Арсенал, се шпекулираше дека станува збор за повреда, но англискиот првак вечерва објави дека Алкантара е позитивен на коронавирус.
„Алкантара покажа мали симптоми на вирусот, но севкупно гледано се наоѓа во добра здравствена состојба. Тој ќе остане во самоизолација согласно здравствените протоколи на британските власти“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Шпанецот дефинитивно ќе биде „во аут“ до репрезентативната пауза, а неговото враќање на терените се очекува на градското дерби против Евертон закажано за 17 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА