Познати деталите од кавгата меѓу Мурињо и Лампард: „Нема да му молчам повеќе…“

Пресметката меѓу Тотенхем и Челси во Лига-купот на Англија, мина и во знакот на вербалната расправија меѓу учителот и ученикот, Жозе Мурињо и Франк Лампард.

На крајот Мурињо успеа да го преживее натпреварот славејќи по пеналите, иако Тотенхем имаше негатива од 0-1 се до последните минути од регуларниот дел на средбата. По мечот и двајцата дадоа свое толкување на расправијата за време на натпреварот.

„По ѓаволите Френк, гледам нешто активен си покрај аут-линијата. Не си така гласен кога губиш со 3-0“ – му порачал Мурињо на Лампард веднаш по водството на Челси, на што не останал должен ниту менаџерот на „сините“.

„Да, така му кажав затоа што пред три дена кога губеа со 3-0 тој седеше тажен и фрустриран на клупата, а сега беше нешто гласен. Но, тоа е за време на натпревар. Френк добро знае дека јас мислам дека е фантастичен тренер“ – изјави Португалецот по крајот на средбата.

Нешто слично прокоментира и Лампард…

„Да, одлучив да не му молчам кога веќе дофрла покрај аут-линијата. Па му возвратив дека за време на натпревар повеќе зборува со судиите и со противничката клупа отколку со своите играчи. А, инаку одличен сум со Жозе, тие дофрлување не беа ништо страшно“ – истакна Лампард.

 

Се вчитува...