Еден пораз и Баерн веднаш реагира: Ханси Флик го носи Томас Лемар во Минхен

Европскиот првак Баерн Минхен го освои Суперкупот на Европа, но беше понижен на следното гостување во Бундес-лигата од Хофенхајм. Тоа не му се допаѓа на Ханси Флик, тренерот на баварскиот клуб, кој по природа е перфекционист, и побара од раководството ново засилување. На „Алијанц арена“ до крајот на преодниот рок треба да пристигне Томас Лемар од Атлетико Мадрид.

Баерн Минхен сега има недостиг од фудбалери на крилните позиции, посебно откако се повреди и Лирој Сане. Претходно заминаа и Ивцан Перишиќ, Фелипе Кутињо и Алваро Одриозола кои се вратија во клубовите од каде беа позајмени.

Томас Лемар беше одличен во периодот додека го носеше дресот на Монако, но откако дојде во Атлетико Мадрид стагнира. Сериозно ја размислува и опцијата за заминување, а понуда од Баерн Минхен за него би била огромен „рифреш“. Баерн Минхен е подготвен да плати 30 милиони евра за крилниот играч на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...